50 Цент го поддржа Трамп: „Не сакам да бидам 20 Цент поради данокот на Бајден“

Супермен

22/10/2020

20:25

2.667

Големина на фонт

а а а

Американскиот музичар 50 Цент го поддржа Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. Тој кажал дека во случај на победа на Џо Бајден ќе стане – 20 Цент.

„Да, не сакам да бидам 20 Цент. 62 отсто е навистина, навистина лоша идеја. Не ми се допаѓа“, напишал раперот на Твитер како одговор на планираниот износ на зголемување на данок, што е предлог на Бајден. 

Откако го проучил даночниот план на Бајден, раперот ги повикал своите следбеници да гласаат за Трамп.

Освен тоа, поради ситуацијата со даноците 50 Цент планира да се отсели.

„Кој к**? Гласајте за Трамп! Заминувам, за*би го Њујорк, Никс и онака никогаш не победуваат. Гајле ми е што Трамп не ги сака црнците, 62 отсто данок, дали сте нормални?“, напишал 50 Цент на Твитер, реферирајќи на даночниот план на Бајден во Њујорк.

Раперот го поддржал актуелниот претседател пред изборите и тоа баш во момент кога Трамп се обидува да добие поддршка од што поголем број Афроамериканци.

Освен тоа, Трамп сака да добие и значајна поддршка од Латиноамериканците и со тоа да го надомести заостанокот кој го има во предизборните анкети, особено помеѓу постарите гласачи кои се загрижени поради пандемијата на коронавирусот.

За потсетување, Бајден го поддржа зголемувањето на данокот за компании и поединци кои годишно заработуваат повеќе од 400.000 долари. Од друга страна, Трамп пред 3 години ја намали стапката на данок за поединци од 39,6 на 37 отсто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk