Перо Антиќ првпат јавно проговори за разводот со Ружица: „Подобро развод отколку лош брак. Сега имам нова љубов и среќен сум“

Точка

07/11/2020

12:37

27.483

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ, прват по долго време проговори за разводот со неговата поранешна сопруга и за новата љубов.

Антиќ во интервју за „Репортер“ говорел и за почетоците на својата кошаркарска кариера, за неговите падови и успеси.

„Когаш почнав да играм кошарка Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ,

Инаку Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица со која што има три деца, а сега јавно прозборе за тоа, тој вели:

„Подобро добар развод отколку лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа може да се смени“.

Тој првпат ја прокоментирал и неговата нова љубов, за која што изјави: „Навистина сум среќен“.

Антиќ има што да зборува за својот живот и искуствата од истиот, од развод до нова љубов, од повикот за да му кажат дека ќе игра во НБА и зошто беше уапсен во Њујорк...

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг