Славниот диџеј во ресторан во Дубаи добил сметка од 238.000 евра: „Дозволувате ли плаќање на рати?“

Супермен

19/11/2020

16:10

61.214

Големина на фонт

а а а

Диџејот Чарли Слот ги изненадил сите кога во еден од најекслузивните ресторани во Дубаи добил сметка во вредност од околу 238.000 евра.

Слот на социјалната мрежа Инстаграм ја објавил сметката на која што се гледа дека се наоѓаат 53 шишиња шампањ, шише вотка, две шишиња текила, шише коњак и разна јапонска храна. Сметката била настаната во хотелот „Five Palm Jumeirah“.

„Кога фалењето и правењето важен ќе тргне на лошо“, напишал тој под фотографијата.

„Може ли да платам на рати?“, прашал тој и го означил шефот на хотелот во објавата.

„Извини Чарли. Знаеш дека не дозволуваме рати затоа што веќе зборувавме за тоа. Можеш ли да дојдеш во нашата главна канцеларија, директорот сака итно да зборува со вас за оваа сметка“, му одговориле од хотелот.

„Daily Mail“ пренесува дека сметката настанала во периодот од неколку денови, а кога тој дошол да плати сето тоа му било пресметано на една сметка.

Слот наведува дека си се почестил себеси и свои седум пријатели со разна храна, шампањи, текили, вотки, коњак...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk