Се обидел да го паркира својот електричен „Taycan“, а потоа сè тргнало по надолна линија

Супермен

23/11/2020

12:08

6.637

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на овој „Porsche Taycan“ на своја кожа ги почувствувал сите магии на електромоторниот погон, а онаа најочигледната е работната крива на електричниот погон со која возачот има на располагање максимален вртежен момент практично од самиот старт.

Тоа во превод значи дека треба да се биде внимателен со педалата за гас, особено кога станува збор за електричен „ѕвер“ со 500 и повеќе коњски сили, односно со над 600 Nm на располагање од самиот старт. 

Еден американски магазин притоа потсетува на приказната од „Top Gear“ која вели дека коњските сили кажуваат колку брзо ќе го погодиш ѕидот, а вртежниот момент колку далеку ќе го однесеш ѕидот со себе. Тоа најдобро го покажува видеото во продолжение во кое ништо не можело да го запре овој „Taycan“. Црниот автомобил бил удрен од страна додека своето го „добил“ и синиот автомобил. 

Не е познато што ја предизвикало ваквата несреќа и дали возачот случајно ја притиснал погрешната педала. Којзнае, можеби од страв продолжил да притиска на педалата за гас и се обидел да се спаси со вртење на воланот, што е една од вообичаените панични реакции.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk