Американскиот моден дизајнер Келвин Клајн неодамна го прослави својот 78-ми роденден.
Келвин Клајн е познат по тоа што секогаш си е доследен на самиот себе и дека живее баш онака како што си замислил и како што сакал.
1. Луд сум и не се преправам дека сум нешто друго.
2. Најдобро е да изгледате природно, но потребна ви е шминката за да изгледате природно.
3. Не мислам на успехот. Можеби тоа е причината што сум успешен.
4. Не си дозволувам себеси да имам големи стравови.
5. Јас сум сексуална личност и тоа се гледа по мојата облека и моите реклами.
6. Луѓето кои што ги преживеале 70-те и понатаму можат да имаат неверојатни животи.
7. Тоа што ние го правиме е навистина смешно - доколку имате смисла за хумор тогаш ќе го сфатите тоа.
8. Има многу геј луѓе во модната индустрија, но не секоја геј личност е добар дизајнер.
9. Кога ќе си легнам во кревет вечерва се надевам дека нема да бидам сам.
10. Лично, никогаш не би направил пластична операција. Поради што? Тоа изгледа смешно.