Поголемиот дел од луѓето интернетот го доживуваат како „облак на информации“ и не размислуваат за последиците.
Доколку немате нешто важно да кажете, немојте да притискате „испрати“, апелираат британските експерти за технологија и заштита на животна средина.
Неверојатната количина на бескорисни мејлови кои што секојдневно се испраќаат по пат на интернет, допринесува во глобалното загревање.
За работата да биде уште посериозна, покажува и барањето на државните службеници во Велика Британија - граѓаните да ја намалат количината на е-пошта, доколку истата не е итна или пак од некакво исклучително значење.
Електронската пошта преку копчето „испрати“ покренува сложен систем кој што троши енергија.
Вашиот Wi-fi уред испраќа сигнали до предавателот на улица, а потоа до интернет провајдерот и големиот дата-центар. Секој од учесниците во процесот троши одредена количина електрицитет, а сето тоа влијае на животната средина.
Британските експерти наведуваат дека треба да се намали бројот на испраќање на електронска пошта, а сето тоа би спречило 18.114 тони јаглерод-диоксид во атмосферата.
Секако дека постојат многу позначајни емитери во светот, како воената индустрија и големите корпорации, но исто така дигиталната промена би донела подобрување, пренесува „Futurism“.