По провокативниот настап во проѕирен костим, Џеј Ло објави видео на кое е целосно гола

Супермен

25/11/2020

15:38

5.270

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез не престанува да ја воодушевува јавноста со својот изглед во 51-та година од животот.

Откако на доделувањето на Американските музички награди ја „запали“ сцената со страсниот настап со Малума, на кој се појави облечена во проѕирен костим, сега таа се соблече до крај на Инстаграм. 

Џеј Ло на оваа социјална мрежа објавила видео на кое е целосно гола и во кое од разни агли ја покажала својата неверојатно издефинирана фигура.

Во позадина на видеото свири нејзината нова песна „In The Morning“, па може да се претпостави дека станува збор за исечоци од претстојниот видео спот, а тоа го наговестува и хаштагот „newmusic“ (нова музика).

Можно е и да станува збор за „тизер“ видео за претстојната линија за убавина на Лопез, чие лансирање го најави и во својата, исто така многу провокативна објава на Инстаграм.

За што и да се работи, Џеј Ло ја „вжешти“ оваа социјална мрежа, а доказ за тоа е што само за 15 часа објавата брои над 1 милион прегледи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk