Откриено како изгледале последните часови од животот на Марадона: Заспал и не се разбудил...

Супермен

26/11/2020

08:54

4.509

Големина на фонт

а а а

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона починал во својот дом во Тигре, каде закрепнувал од операцијата на хематом на мозокот.

Аргентина е во солзи - во земјата е прогласена тридневна жалост, а граѓаните не можат да се помират со фактот дека големиот Ел Пибе повеќе го нема. 

Аргентинскиот весник „Оле“ открива како изгледал последниот ден на Марадона:


„Тој 25 ноември, Марадона станал рано, како што станувал и секое друго утро. Појадувал, се прошетал и по неколку часа повторно прилегнал бидејќи имал навика да се одмори и да ги наполни батериите. Под надзор на психолог, психијатар и лична медицинска сестра од една сериозна болница, тој требало да стане напладне за да испие лек, но тоа не се случило“, пренесува „Оле“.

Угледниот весник открива дека медицинската сестра прва го затекнала Марадона без свест.


„Кога сестрата се обидела да го разбуди, го затекнала онесвестен. Веднаш повикала Брза помош. Според тврдењата на соседите и некои медиуми, прв му помогнал неговиот сосед кој е лекар, но таа информација беше подоцна демантирана. Во домот на Марадона пристигнале дури 9 возила на Итната лужба, но никој не успеал да му помогне. Срцето на еден од најдобрите фудбалери во историјата не можело повеќе да издржи. Диего не' напушти, срцевиот удар засекогаш го одведе“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk