Марадона уште пред 15 години сам си смисли порака за надгробната плоча: Сакам да пишува…

Дерби

26/11/2020

10:26

2.128

Големина на фонт

а а а

Фудбалското божество наречено Диего Армандо Марадона го напушти овој свет на 25-ти ноември, неполн месец откако прослави симпатичен јубилеј и наполни 60 години.

Големите здравствени проблеми кои се таложеа низ годините добија кулминација на почетокот на овој месец кога му беше направена операција на мозокот поради хематом, но кога цела јавност мислеше дека го избегна најлошото, вчера пристигна најнепосакувана вест од Аргентина за неговата рана смрт по претрпениот срцев удар во домот во Тигре.

Поради значењето кое го има за цела јавност во родната земја, Аргентина прогласи три дена национална жалост во чест на големиот Дон Диего, фудбалска легенда која според многумина е најдобар играч на сите времиња, а со сигурност еден од најголемите во историјата.

Часовите минати во голема тага и непребол натераа огромен број фудбалски ѕвезди да испратат емотивни пораки, но во фудбалска Аргентина, посебно вирално стана едно видео кое датира од пред 15 години. Станува збор за специјалното самостојно интервју кое си го направи Диего во 2005-та година во програмата „La noche del 10“ (Ноќта на 10-та), во кое тој сам се прашува и одговара што сака да пишува на неговата надгробна плоча.

– Благодарам што можев да играм фудбал, бидејќи тоа е спортот кој ми донесе радост, слобода… Како да го допрев рајот со моите две раце. Благодарност до топката. Да, на надгробната плоча би напишал: Благодарен сум и на топката!



Спонзорирани линкови

Маркетинг