Звукот од ударот на главата на подот на австралиски тинејџер, забележан на снимка која кружи на социјалните мрежи, одекнал ширум светот, како пример за 'тиранија' против оние кои не носат заштитна маска. Меѓутоа, делот за маските е лага.
На видеото може да се види како еден работник од обезбедувањето го гуши слабиот тинејџер со зафат на грбот, кој потоа го соборува на подот така што главата на младото момче удира во подот, произведувајќи силен звук. Потоа обезбедувањето го поткренува и го носи како крпена кукла. Подоцна го исфрла од вратата.
Се испоставило дека инцидентот се случил порано овој месец во хотелски паб недалеку од Мелбурн, а неидентификуваниот тинејџер бил исфрлен поради недолично однесување, се наведува во извештаите на локалните медиуми. Очевидци рекле дека 18-годишникот пред снимениот инцидент бил исфрлен од пабот, но дека потоа се качил на оградата за да се врати и да им се придружи на пријателите. Кога обезбедувањето по вторпат го фатило момчето, тоа побегнало, скокнало позади шанкот и си ставило пиво.
Потоа, чуварот го фатил, го удрил по главата и му го стиснал вратот сè додека не се онесвестило, рекле очевидците. Снимката прикажува што се случило потоа. Иако сите присутни реагирале со силни извици по ударот на глава на тинејџерот, никој од присутните не реагирал. Бруталната снимка брзо се проширила на социјалните мрежи, со носење лажни заклучоци, намерно или не, вклучувајќи и поединци кои изјавиле дека тинејџерот бил грубо исфрлен бидејќи не носел заштитна маска. Еден од нив е и Чак Калесто, републикански кандидат за Конгрес.
Конзервативецот Мајлс Чеонг се обидел да ја објасни ситуацијата, повикувајќи ги своите 317.000 следбеници на Твитер да не бидат жртви на пристрасни оцени.
This has literally nothing to do with masks but carry on. People sure love their confirmation bias. No doubt I'll get hate just for clarifying what happened here. https://t.co/TPDjWETEV1 https://t.co/pZ9MBBBiFu
— Ian Miles Cheong (@stillgray) November 25, 2020
„Не е потребно да се измислуваат лаги за да се борите против тиранијата“, рекол тој.
Други истакнале дека, без оглед што довело до исфрлувањето, однесувањето на обезбедувањето е неприфатливо.
Полицијата сега го истражува инцидентот, а неидентификуваниот тинејџер изјавил дека можел да настрада од ударот на глава. Портпаролот на хотелот рекол дека работникот од обезбедувањето и понатаму е на работното место, но дека му е изречена опомена, бидејќи 'несреќниот инцидент можел да се реши многу подобро'.