„CSI“ е една од најгледаните серии на сите времиња, а не постои човек кој што од истата не погледнал барем една епизода. Но, дали сте ги знаеле овие интересни факти за неа?
1. „CSI“ е една од најпознатите серии на светот, затоа подоцна беа снимени повеќе варијации на таа тема.
2. Еден од главните актери во серијата, Вилијам Петерсен е фудбалер по професија, а Џорџ Едс работел како продавач, Роберт Дејвид Хал, форензичарот во серијата вушност е музичар кој неколку пати запеал во текот на снимањето на серијата.
3. Првата епизода од серијата била промовирана на 6-ти септември 2000-та година, а последната на 27-ми јули 2015-та година. Снимени се вкупно 15 сезони.
4. „CSI“ има три спин-оф серии: Мајами, Њујорк и Сајбер злосторство.
5. Серијата влезе и во книгата на Гинисов рекорд, за најголема на сите времиња која што се прикажувала во 171 земја ширум светот.
6. Квентин Тарантино го напишал и режирал финалето на 5-та сезона од серијата.
7. Најпознатата песна од серијата „Who are you“ е песна од британскиот рок бенд „The Who“, од 60-те години.
8. Серијата освоила 6 „Еми“ награди, 4 награди „People's Choice“ и дури 6 пати била номинирана за „Golden Globe“.
9. Серијата била критикувана од страна на полицијата, судството и правосудството затоа што не ги покажува и објаснува реално криминалистичките истражувачи.
10. CBS го прогласил 4-ти март за Светски ден на CSI.