Тага и тензии на улиците низ Буенос Аирес: Илјадници фанови се поклонуваат пред ковчегот на Марадона

Дерби

26/11/2020

15:22

1.928

Големина на фонт

а а а

Вистински хаос се случува во моментов во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес каде полицијата не може да се справи со огромниот број на фанови кои излегоа за последен пат да се збогуваат со легендарниот Диего Армандо Марадона кој почина вчера како последица од срцев удар.

Ковчегот со телото на Марадона е изложен во претседателската палата „Каса Росада“ во Буенос Аирес каде фановите може да дојдат и за последен пат да се збогуваат со идолот на многу генерации.

Бидејќи пред палатата се собраа многу навивачи кои нетрпеливо очекуваат да влезат во просторот каде е изложен ковчегот, настана голема гужва, а полицијата мораше да интервенира и да употреби сила за да ги смири фановите.

Ковчегот е обвиткан со аргентинското знаме, како и со дресовите на репрезентацијата на Аргентина и Бока Јуниорс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг