Погодок од 50 метри во Лига Европа: Со години игра во Премиер лигата, но никој не знаеше дека го „умее“ ова

Супермен

27/11/2020

12:48

6.779

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо ги состави коцките во Лондон. Толку добро што може да си поигрува во Лига Европа, да експериментира, да прави комбинации и да испраќа резервисти на теренот.

А кога тие ќе му возвратат за укажаната доверба со гол на 50 метри, работите стануваат уште подобри. 

Една таква ситуација се случи токму вчера, кога Тотенхем играше против Лудогорец, а везистот на „Петлите“, Хари Винкс го совлада голманот на бугарскиот тим од речиси половина терен. Па уште и од дијагонала, за оддалеченоста да биде поголема.

Се играше 63-та минута кога централниот везист на англискиот тим, како што и самиот признал, сакал да одигра дијагонално додавање кон Герет Бејл. Наместо тоа, тој го постигна третиот погодок за својот тим.

„Хари Винкс е премногу добро момче. Јас никогаш не би признал, би рекол дека сум сакал да шутирам кон голот и да ја освојам наградата Пушкаш“, изјавил Мурињо по мечот, во свој стил.

А погодокот на Винкс е навистина за некаква награда.

Педесет метри, пречка, ставива, голман кој се „заплеткал“ во сопствената мрежа - сè е тука за едно вистинско ремек-дело на фудбалскиот терен.

Хари Винкс има 24 години, од 2014 година игра во првиот тим на Тотенхем, но многумина ги оспоруваат неговите фудбалски квалитети. Вистина е, никој не знаеше дека го „умее“ ова, а во прилог зборува и фактот дека ова му е само третиот гол во дресот на лондонскиот тим.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk