Кога поради попуст ќе „попушти“ здравиот разум: Понеле кревети со себе и чекале цела ноќ за да купат Playstation 5

Супермен

27/11/2020

15:01

4.462

Големина на фонт

а а а

Црниот петок во многу земји од светот носи огромни попусти, а за љубителите на видео игрите тоа значи дека компанијата Sony припрема нова тура Playstation 5 конзоли за продажба.

Имено, PS5 е одлично примен кај играчите, но Sony не успеа соодветно да одговори на големата побарувачка, па затоа многумина останаа без конзоли. 

Недостатокот на залихи е насекаде во светот, затоа не не чуди што голем број фанатици чекале цела вечер за да го грабнат новиот Playstation 5. Уште кога на тоа ќе го додадете и попустот кој доаѓа со Black Friday, тогаш потрагата по оваа конзола се претвора во „лов на еднорози“.

Овој очаен лов на конзоли нѝ носи и урнебесни фотографии - така на пример, во Вирџинија биле забележани луѓе кои си ги носеле своите кревети за да можат да ја преспијат ноќта. Тие истакнале дека ја поставиле својата „база“ 25 часа пред отворањето на продавницата, а еден од нив открил дека посетил дури 11 продавници, но дека токму таа пред која што чекал имала најмал ред.

Тие со намера да ја купат популарната конзола го пропуштиле и Денот на благодарноста, односно семејната вечера на која се прославува овој американски празник.

Во продолжение, погледнете ги останатите видеа и фотографии од луѓе кои чекаат цел ден за да ја купат најновата конзола на Sony:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk