Никогаш послаба: Погледнете ја новата трансформација на Тамара Тодевска

Точка

27/11/2020

17:14

6.162

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот не ја спречила Тамара Тодевска изминатиот период да го посвети на работа на сопствениот изглед.

Имено, Тодевска е препознатлива по тоа што постојано менува нешто на себе, независно дали станува збор за нејзиниот стајлинг, фризура и шминка, но овој пат отишла чекор понатаму.


Очигледно задоволна од постигнатото, таа почувствува потреба тоа да го сподели со своите следбеници и обожаватели, а со тоа да докаже дека е истрајна во целите кои ќе ги зацрта.

Тамара на Инстаграм објави фотографија на која позира пред огледало, додека носи обична секојдневна комбинација со тесни фармерки и блуза, а на која е видлива нејзината трансформација.

Тодевска е мајка на две деца, но и покрај тој факт продолжила да води здрав живот со напорни тренинзи и здрава исхрана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг