Пред 30 години сите ги знаевме како „мокрите бандити“: Погледнете како денес изгледаат Марв и Хари од култниот божиќен филм „Сам дома“

Точка

27/11/2020

17:24

6.592

Големина на фонт

а а а

Џо Пеши и Даниел Стерн ја толкуваат улогата на крадците Хари и Марв во двете продолженија од легендарниот филм „Сам дома“.

Марв и Хари наречени „мокри бандити“ не забавуваа во еден од најгледаните божиќни филмови „Сам дома 1 и 2“, а нивните улоги ги толкуваа денес 63-годишниот Даниел Стерн и 77-годишниот Џо Пеши.

Токму тоа било првото сценарио кое што Даниел го насмеало од срце и се заљубил во приказната на прв поглед. На снимањето се присетил во едно интервју за „The Hollywood Reporter“:


„Тоа беше како да игравме некој спорт. Не ве болат никакви повреди затоа што се забавувате. Добив силен удар по носот и се раскрварев кога морав со главата да влезам низ вратичката за кучиња. Морав брзо да се извлечам, но запнав со својот голем нос“, се присетил актерот.

Даниел снимил уште неколку филмови, но ниту еден не му донел толкава слава како „Сам дома“.


Тој се занимава со режија, а во 2009-та година ја добил наградата „Call to Service“ од поранешниот американски претседател Барак Обама, додека пак неговиот син Хенри е калифорниски сенатор. Последниот филм во кој што неодамна се појави беше „Shrill“.

Џо Пеши за разлика од него оствари неверојатен актерски успех. По улогата во „Сам дома“, глумеше и во филмовите „Мојот братучед Вини“, „Казино“ и „Смртоносно оружје 3 и 4“, а неодамна доби и прекрасни критики за улогата во филмот „Ирец“ на славниот режисер Мартин Скорсезе.


Освои и Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Добри момци“ во кој што ја толкуваше улогата на гангстерот Томи ДеВита.




Спонзорирани линкови

Маркетинг