Популарниот Чендлер конечно ќе се венча: „Ја имам најдобрата жена на планетата“

Точка

27/11/2020

20:00

4.370

Големина на фонт

а а а

22 години помладата партнерка на популарниот актер Метју Пери, конечно го кажала судбоносното „да“.

Иако се шпекулираше дека славниот актер Метју Пери во месец мај ја прекинал врската со 29-годишната менаџерка Моли Хорвиц, парот проблемите ги оставил зад себе и сега одлучиле да се венчаат.

Инаку, парот е во врска од 2018-та година, а првпат заедно во јавноста биле забележани во текот на 2019-та година.


„Моли и Метју поминуваат многу време заедно. Таа има чудна смисла за хумор и веднаш 'кликнаа'. Не е заинтересирана за слава и не сака забави, што е многу добро за Метју“, раскажал на почетокот на нивната врска пријател близок до парот.

29-годишната Моли му била голема поддршка на Метју во борбата против зависноста од алкохолот и дрогата.

Сега, како што објавил магазинот „People“, популарниот Чендлер од серијата „Пријатели“ ја запросил Моли и таа кажала „да“.

„Се верив, за среќа во врска сум со најдобрата жена на планетата во овој момент“, изјавил познатиот актер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг