Земјата која "вриеше" од туристи, сега ги продава најскапите хотели

Точка

28/11/2020

15:58

4.683

Големина на фонт

а а а

Странските посетители во Шпанија годишно "оставаат" огромни суми на пари, но оваа година била крајно поразителна поради рестриктивните мерки.

Иако во некој момент, можеби имало изгледи пандемијата да се смири и да заврши, тоа не се случи. Наскоро ќе минат десет месеци откако короната "го тресе" целиот свет, иако во Азија почнала да се шири уште кон крајот на 2019-та. 

Туризмот, генерално, е алармантно загрозен поради последиците од кризата, со оглед на тоа дека со месеци на сила се блокади и ограничувања во патувањето. Тоа секако се одразило и на хотелите во Шпанија.

Имено, забележано е дека бројот на хотели во земјата огласени на продажба, во октомври бил речиси 20 проценти повисок отколку во март оваа година. На почетокот на пандемијата никој не ни помислувал како ќе се одвиваат работите.

Поголем дел од тие хотели се наоѓаат на познатите шпански локации, а овој тренд претходните месеци владеел и во Грција. Но, да се вратиме на Шпанија.

На Балеарските острови во октомври се продавале 84 проценти повеќе хотели отколку во март, а во Андалузија 45 проценти повеќе, пренесуваат тамошните медиуми. На крајот од претходниот месец, на продажба биле огласени вкупно 557 хотели.

Бројот на странски туристи во Шпанија во септември бил помал за 87 проценти, додека хотелските резервации во октомври, во однос на истиот период минатата година, имало 83 проценти помалку. Шпанската економија ја чека тежок период.




Спонзорирани линкови

Маркетинг