Овие 6 женски „маани“ мажите ги обожуваат - верувале или не!

Точка

28/11/2020

16:42

3.005

Големина на фонт

а а а

Ниту малку мрзеливост некогаш не е лошо - мажите таа особина ја гледаат малку поразлично.

Обидите да бидеме совршени никогаш нема да ни успеат, затоа што тоа е невозможна мисија. А, постои уште една причина зошто некои од мааните не се толку лоши - анкетата вели дека мажите ги обожуваат.

1. Мрзеливост

Во разумни граници - секако. Нашите мајки и баби поради тоа секогаш ни зборуваа лоши работи, но мажите поразлично гледаат на таа особина поради тоа што најчесто и самите тие се мрзеливи, што е доволна причина да не ви замеруваат.

2. Малку неред

Постојат многу уредни мажи кои што се во состојба да најдат и „влакно во јајце“, па да кажат: Каков неред! Но, тоа секако дека е исклучително ретко. Вообичаено мажите го забележуваат само тоа што ги интересира...


3. Спонтаност

Мажите сакаат зрели жени кои што знаат што сакаат, но тоа не значи дека не уживаат во малку разонода, па и малку спонтаност која што секогаш може да ја зачини врската.

4. Вљубеност

Не, нема да им бидете привлечни доколку глумите „дама со недопирливо срце“. Мажите сакаат да знаат какви емоции имате кон нив, особено доколку зборуваме за убави чувства.

5. Емоционалност

Жените многу се чувствителни и мистериозни чии чувства и расположение секогаш им се на прво место. Сепак, доколку им значи нешто, на мажите им е интересно да одгатнат што е тоа и дали пред себе имаат личност полна со емоции. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг