За што всушност зборуваше тој? Историскиот говор на Кенеди за тајните друштва кои владеат со светот

Супермен

30/11/2020

13:25

3.441

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Џон Кенеди за чија што смрт се поврзани многу теории на заговор, беше убиен пред 57 години. Дали со својот популарен говор влегол во конфликт со „владетелите од сенка“?

Две години пред атентатот, на 27-ми април 1967-та година, Кенеди во Њујоршкиот хотел „Асториа“ одржал говор за тајните друштва кои што владеат со светот, ограничувајќи ги човековите права и слободата.


„Самиот збор „тајност“ не е на место во слободното и отворено општество и ние како поединци, по својата природа и историско наследство, се противиме на тајните друштва, тајните завети и тајни процедури. Одамна одлучивме дека опасност од прекумерно и неовластено сокривање на специфични документи далеку ја преминува опасноста која што во стартот доведе до таквите мерки“, изјавил Кенеди и додал дека никаква војна не е објавена и дека можеби никогаш нема да биде објавена во традиционална смила, но нашиот начин на живот е нападнат.

„На глобален план сме спротиставени на монолитната и безобзирна завера која што сака да ја прошири својата сфера на влијание, на инфилтрација наместо инвазија, на субверзија наместо избори, на заплашувања наместо слобода на говор, на герили во ноќта, наместо војска во текот на денот“, изјавил Кенеди и објаснил дека станува збор за систем кој што врбува огромни човечки и материјални ресурси и создава конструкција тесно поврзана во една многу ефикасна машинерија која што обединуваат воени, дипломатски, економски, научни и политички операции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk