Никогаш не е доцна за уживање во хобијата, што неодамна го докажал и Канаѓанецот Бил Мејсон.
Мејсон го прославил 96-от роденден во локалната теретана, вежбајќи подигнувања, клекнувања, склекови и многу други вежби.
Старецот неодамна започнал да се занимава со кросфит, а во овој спорт го вовел неговиот син Патрик. 96-годишниот маж пред 2 години преживеал мозочен удар поради кој има проблеми со движењето.
„Сфатив дека ова е одличен начин како да се чувствувам помалку „климаво“, но и да добијам сила“, изјавил Бил.
Тренерот и сопственик на теретаната, Мајк Ајвс, е импресиониран од успехот на Мејсон:
„Забележавме прилично значаен напредок со него во последните 5 недели. Тој многу помалку го користи својот бастун, претходно често го држеше за време на тренинзите, а сега сигурно стои на своите нозе и вежба. Неговата волја и желба нè мотивира сите нас“.