18 животни лекции на Далај Лама за среќен живот: „Запомнете дека најдобриот однос е оној во кој што љубовта преминува во меѓусебна потреба“

Супермен

02/12/2020

11:50

1.688

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека во овие мудри изреки ќе ја пронајдете смислата на животот, па дури и тогаш кога не гледате никаков излез од ситуацијата.

Тибетскиот духовен водач Далај Лама ширум светот е познат по своите мудрости, а неговите совети инспирираат многубројни светски водачи.

Ова се неговите најпознати изреки:

„Земете предвид дека големата љубов и големите успеси вклучуваат и големи ризици“

„Кога губите, немојте да ја изгубите и пораката“

„Научете ги овие три важни работи: самодоверба, почитување на другите луѓе и одговорност за своите постапки“


„Запомнете, доколку не добиете сè што сте посакале, понекогаш може да имате голема среќа“ 

„Научете ги правилата така што да знаете на каков начин правилно да ги прекршите“

„Не дозволувајте малите конфликти да ви го нарушат односот“

„Кога сте сфатиле дека сте направиле грешка, преземете чекори веднаш да ја исправите“

„Поминете малку време самите со себе, секој ден“

„Раширете ги рацете да ги прифатите промените, но не напуштајте ги вашите вредности“

„Запомнете дека понекогаш тишината е најдобриот одговор“ 

„Живејте добар, чесен живот. Тогаш кога ќе остарите и ќе погледнете наназад, ќе уживате во тоа друг пат“

„Атмосферата на љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот“


„Во несогласувањата со вашите сакани, занимавајте се само со моменталната ситуација, не враќајте се на настани од минатото“

„Споделете го своето знаење. Тоа е начинот да ја достигнете бесмртноста“

„Бидете внимателни кон нашата Земја“

„Еднаш годишно, одете некаде каде што никогаш не сте биле“

„Запомнете дека најдобриот однос е оној во кој што љубовта еден кон друг преминува во меѓусебна потреба“

„Судете за својот неуспех, по тоа од што сте се одрекле за да дојдете до него“


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk