Одличен трик: Зошто е добро на вашиот лаптоп да ставите неколку монети?

Супермен

02/12/2020

14:03

2.775

Големина на фонт

а а а

Овој мал трик може да 'ве спаси' во текот на филмскиот маратон и гледањето серии дома, играњето игри или пак нешто слично.

Поентата е во бакарот, кој што се наоѓа во металните парички и ја примаат топлината.

Кога вашиот лаптоп е предолго време вклучен, има ризик да се прегрее. Меѓутоа, едно момче развило интересна домашна импровизација за решавање на овој проблем.

Акинори Сузуки, на социјалната мрежа Твитер поставил фотографија на која што се гледа како успеал да ги ублажи проблемите со прегревањето на својот лаптоп, така што поставил монети на својот компјутер. Тој објаснил дека монетите можат да ја впијат топлината и така да спречат вашиот лаптоп да се прегрее.

Монетата од 10 јени е особено добра за употреба (таа ја користело момчето) затоа што е составена од околу 95 отсто бакар, пренесува „IFL Science“.

Сузуки тврди дека трикот функционира затоа што бакарот има високa топлинска спроводливост, што овозможува побрз пренос на топлина од пластиката на самиот компјутер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk