Пред нас се само уште 29 дена до крајот на оваа година, па време е полека да ги сведеме своите впечатоци за истата.
Секако, овојпат нема да зборуваме за коронавирусот и хаосот кој го предизвика низ целиот свет. Денеска ќе одлучиме да му го свртиме грбот, фокусирајќи се на поубавата страна на животот.
Како што добро знаете, секоја година, но и секоја сезона добиваме нови трендови, што значи дека сега е вистинско време помеѓу нив да ги одбереме оние најдобрите. Овојпат, зборуваме само за часовници кои го освоија целиот свет во претходните 11 месеци.
Без изненадување, „Rolex“ зазеде највеќе места на оваа листа со дури 4 неверојатни и класични модели: „Submariner“, „Daytona“, „Datejust“ и „Oyster Perpetual“. „Submariner“ бил пребаруван околу 5,1 милиони пати, со околу 430.000 пребарувања на интернет на месечно ниво. Веднаш зад „Rolex“, на листата се наоѓа „Audemars Piguet“ со својот модел „Royal Oak“ кој вкупно има 1,4 милиони прегледи.
Во продолжение, ви ги претставуваме топ 5-те часовници за 2020 година.