59-годишниот американски актер со италијанско потекло, Ралф Мачио, се прослави со улогата на Даниел Ла Русо во познатиот филм „Karate Kid“ од 1984 година.
Ова култно филмско остварување ги освои сите филмски листи, а една од причините за огромната популарност е токму Ралф кој на 22 години „влезе во кожата“ на Даниел Ла Русо.
Бил детска симпатија и на пејачката Наташа Кан, позната под уметничкото име „Bat for Lashes“ која во 2009 година му ја посвети песната „Daniel“.
Од премиерата на „Karate Kid“ поминаа 37 години, а актерот денес и на прагот на шестата деценија мами воздишки кај жените и воодушевува со својот младешки изглед.
Тајната за својот млад изглед, Мачио ја открил во интервју за магазинот „People“, а тврди дека за истиот е заслужна генетиката.
Мачио е веќе 33 години во брак со медицинската сестра Филис Фиеро, со која е уште од средношколските денови. Парот има 2 деца, 28-годишната Џули и 25-годишниот Даниел, кој го добил името токму по најпознатата улога на својот татко.