Пристигнаа строгите правила од Австралија: На Новак и тенисерите им се закануваат апсење, дисквалификација и парични казни...

Супермен

11/01/2021

20:15

5.755

Големина на фонт

а а а

Доаѓањето во Мелбурн ќе се одвива под полициско набљудување, а за тенисерите пропишани се строги правила кои треба да ги почитуваат.

Овогодишниот Австралијан Опен ќе биде поразличен од било кој турнир пред тоа, а причината како што сите добро знаеме е коронавирусот. Организаторите подготвија строги правила за тенисерите, а и термините кога ќе се одигрува турнирот.

Тенисерите ќе мора да поминат низ задолжителен 14-дневен карантин по доаѓањето во Австралија, каде што ќе бидат тестирани повеќе пати за тоа време, а ќе им биде дозволено само ограничено време надвор од хотелот и тренирање во помали групи дури после осмиот ден од карантинот.

Новак Ѓоковиќ, Надал и Тим би требало да бидат во одвоени карантини, кои што нема да бидат толку строги, што некои од тенисерите ги налутило.

На Новак и сите останати тенисери им се закануваат сериозни санкции доколку тој или пак било кој друг прекрши некое од правилата кои што се пропишани.

Казните се парични, но исто така тенисерите може да се соочат и со дисквалификација, па дури и со апсење и депортација од земјата.

Ова се некои од строгите правила:

1. Секој кој ќе го напушти карантинот без дозвола може да биде казнет со 19.000 долари, покрај дополнителна кривична санкција.

2. Кој ќе ги прекрши правилата, може да се соочи со дисквалификација, одземање на паричната награда, продолжување на карантинот, апсење, па дури и депортација што би можело да им предизвика проблем и за понатамошни учествувања на турнирот.

3. Секој прекршок на било кој од членовите на нечиј тим ќе се смета и за прекршок на самиот тенисер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk