Селенот и цинкот се неопходни за силен имунитет: Еве што треба да јадете за да „пукате“ од здравје

Точка

13/01/2021

17:21

5.423

Големина на фонт

а а а

Силниот имунитет никогаш не бил поважен, а една од најбитните работи во борбата против вирусите е да внесувате доволна количина на селен и цинк во организмот.

Покрај витамините Ц и Д, селенот и цинкот се многу важни за добар имунитет. Поради тоа, ви претставуваме намирници во кои најмногу ги има. 

Цинк

Цинкот е олигоминерал кој поттикнува неутрофили и НК клетки кои се борат против вирусните инфекции. Има значајна улога во зајакнување на имунитетот и помага во намалување на зачестеноста на инфекции како и нивното траење.

Недостатокот на цинк доведува до застој во развојот, намален апетит, бавно зараснување на рани и склоност кон инфекции.


Овие намирници изобилуваат со цинк: житарици, семки од тиква, лубеница, сончоглед, чиа семе, пивски квасец, соја, јаткасти плодови, авокадо, банана, киви, јагода, праска, краставица, зелена салата, маслинки, кромид, грашок, спанаќ, домат, какао (темно чоколадо).

Селен

Селенот е клучна хранлива состојка за имунитетот, а исто така е антиоксиданс кој помага во зајакнување на одбраната на телото против бактериите и вирусите. Научниците утврдуваат дека луѓето со ниско ниво на селен се поподложни кон развој на разни заболувања.

Извори на селен се следните намирници: туна, сардина, школки, шкампи, лосос, пилешко месо, пченични никулци, бразилски орев, јајца, лук, семки од сончоглед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг