Беше еден од најперспективните на светот: Срцев удар му ја прекина кариерата, а сега се 'расправа' поради голема неправда

Точка

13/01/2021

17:54

2.415

Големина на фонт

а а а

Абделхак Нури беше еден од најталентираниот фудбалери од школата на Ајакс, но од здравствени прични кариерата ја заврши на само 20 години.

Тој во 2017-та година во пријателскиот натпревар против Вердер доживеал срцев удар на терен и поради тешките оштетувања на мозокот повеќе од две години поминал во кома.

Денес 23-годишниот Нури полека закрепнува. Пред неколку месеци почнал да комуницира со семејството, но од клубот стигнало големо разочарување.

Минатата година со нив бил раскинат договорот. Семејството требало да добие отштета, но договорот за износот веќе со месеци не може да се заврши.

Ајакс нуди 5 милиони евра, но семејството Нури сака двојно повеќе.

Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар, соопштил дека не е постигнат договор и дека веројатно ќе завршат на суд.

„Разговаравме со семејството и адвокатите и не успеавме да постигнеме договор. Жал ми е, ситуацијаа е тешка и знам дека и тие би сакале сè да се реши. Големи се шансите да завршиме на суд“, рекол Ван дер Сар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг