Сопругата на Мајкл Фелпс изнесе детали од борбата на шампионот со болеста: „Што да правам ако те изгубам?“

Супермен

14/01/2021

18:46

4.327

Големина на фонт

а а а

Олимпискиот шампион, Американецот Мајкл Фелпс, води тешка битка, а за тоа сега проговорела неговата сопруга.

Тоа го открила неговата сопруга Никол која што во претходниот период на секаков начин се обидувала да му помогне на својот сопруг.

Имено, Никол ја отворила душата во интервју за американски „Today“ и признала дека стравува дека ќе го изгуби својот сопруг кој што е во тешка депресија.


Мајкл пред извесно време изјави дека мисли дека никогаш нема да се излечи од оваа состојба, па дури призна и дека се плаши за својот живот поради мислите кои што повремено му поминуваат низ главата.

„Јас сум некој кој што помина најмалку три или четири периоди на многу тешка депресија по Олимписките игри и го доведов својот живот во опасност“, истакнал Фелпс.

Сопругата со која што има три деца, Никол Фелпс, открила дека секој ден стравува поради болеста на својот сопруг. Исто така, таа го дала примерот на Венеса Брајант која што остана без својот сопруг кошаркарот Коби Брајант кој што загина во хеликоптерска несреќа.

„Кога ја видов Венеса колку ја боли тоа што го загуби Коби, се што можев да направам беше да го погледнам Мајкл и да му кажам - можеме ли да ти помогнеме? Затоа што ако те изгубам, не знам што ќе правам“, објаснила поранешната Мис Калифорнија и додала дека секојдневно се труди да му помогне на својот сопруг.

„Порано мислев дека можам да му помогнам како некој вид терапевт. Меѓутоа, тоа што научив е дека не можете да водите сметка за тоа како луѓето се чувствуваат, без оглед на тоа колку сакате да го направите тоа. Децата се тие кои што ми носат насмевка на лицето и среќа, како мене така и него, а без нивната помош тешко дека би можела да го издржам ова“, објаснила Никол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk