Поседува 220 милиони долари во биткоини, а не ја знае лозинката за паричникот - има уште 2 обиди

Супермен

15/01/2021

12:46

4.482

Големина на фонт

а а а

Замислете да имате милиони долари во биткоини, а сте ја заборавиле лозинката за пристап до дигиталниот паричник - токму тоа му се случило на програмерот Стефан Томас од Германија.

Пред точно 10 години, Томас добил на подарок 7.002 биткоини кои сега вредат дури 220 милиони долари, но ја изгубил лозинката за паричникот истата година. Веројатно како и многумина, програмерот верувал дека не му е потребна. 

Меѓутоа, сега кога најпознатата криптовалута ги соборува сите рекорди и постигнува успех за кој малкумина сонуваа, тензијата во главата на Стефан расте. Тој не може да се сети на лозинката, а му преостанале уште само 2 обиди.

Ако Томас ги искористи 2-та обиди и не успее, во текот на второто внесување на лозинката, неговиот дигитален паричник засекогаш ќе се заклучи. Софтверот кој поддржува биткоин е направен така што само сопственикот може да има пристап до лозинката.

Системот „IronKey“ им нуди дури 10 обиди на сопствениците, а Томас безуспешно искористил веќе 8.

Всушност, овој програмер не е единствениот кој ја заборавил лозинката за дигиталниот паричник во кој го „чекаат“ милиони. Проценките велат дека ширум светот се заклучени 140 милијарди долари во биткоин бидејќи нивните сопственици ги заборавиле лозинките.

Томас, кој по потекло е од Германија, живее во Сан Франциско. Овие денови тој гледа како биткоинот вртоглаво расте, а не може ништо да стори околу тоа.

„Само лежам и размислувам на тоа. Тогаш станувам, тргнувам кон компјутерот со некоја нова стратегија, но ништо од тоа. И повторно станувам очаен“, вели програмерот.

Додека напредната криптовалута драматично расте, „Wallet Recovery Services“ кој се обидува да им помогне на корисниците да ги вратат своите изгубени дигитални паричници сега добива 3 пати повеќе барања дневно отколку претходно, односно дневно ги контактираат до 70 луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk