Неверојатен рекорд на неуништливиот Лазаров – интересен податок неговиот подвиг го прави уште „полуд“...

Супермен

15/01/2021

15:57

3.967

Големина на фонт

а а а

Македонската легенда Кире Лазаров ја предводи ракометната репрезентација на СП во Египет иако има 40 години.

Кирил Лазаров е лидер на македонската ракометна репрезентација која што успеа да обезбеди учество на СП откако репрезентацијата на Чешка се откажа.

Првиот натпревар Македонците го одиграа синоќа против Шведска, а го загубија со резултат 32:20, но Лазаров успеа да испише историја во ракометот – стана првиот играч кој успеал да постигне гол на Светски првенства во четири различни децении.

За рекордот да биде уште „полуд“, неверојатната низа ја започна и заврши на истото место – во салата во Kаиро.

Лазаров на тоа место на СП во 1999-та година го заби првиот гол против Саудиска Арабија, а сега 21 година подоцна го затвори кругот.

Секако, не би бил тоа Кирил доколку запре на само еден гол. Тој во вчерашниот натпревар постигна пет голови и имаше пет неверојатни асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk