Џесика Алба откри како се справува со онлајн наставата: „Ги шпионирам децата преку скриени камери“

Точка

16/01/2021

19:43

4.616

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џесика Алба во екот на пандемијата на коронавирусот и затворените училишта има полни раце работа.

На популарната мајка на три деца не ѝ е лесно да ги надгледува 12-годишниот Хонор Мари, 9-годишната Хајвен Гарнер и 3-годишниот Хејс. За нивното следење на наставата на далечина да го држи под контрола, оваа строга мајка во сите детски соби ставила камери преку кои следи како напредува нивното учење.

„Се разбира дека забележувам ако не обрнуваат внимание на она што им зборува учителката! Имам свои шпионски камери преку кои гледам дали се фокусирани или се шегуваат. Ако случајно почнат да се тепаат, можам да ги вратам снимките и да видам кој кого прв удрил“, открила со гордост 39-годишната Алба.

Зборувала и за фактот дека нејзините деца до неодамна воопшто немале поим дека таа е мегапопуларна актерка и меѓународна ѕвезда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг