18-годишниот Ромео Бекам е ново лице на насловната страница на магазинот „Vogue L'Uomo“

Супермен

20/01/2021

13:47

1.970

Големина на фонт

а а а

Популарниот син на Викторија и Дејвид Бекам влегува во светот на моделите и ја краси новата насловна страница на познатиот магазин „Vogue L'Uomo“, а за потребите на фотографирањето бојата на коса ја променил во светло-руса.

Ромео стана ѕвезда во машката модна сцена, а штом станал полнолетен славните родители му дозволиле да се појави на насловна страница од магазините.

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, со лице кое што неодоливо потсетува на неговата мајка, која што кога била на негова возраст ја започнала музичката кариера во бендот „Spice Girls“, за насловната страница на магазинот носи шарени креации облека.

Иако Ромео веќе се занимавал со манекенство и се појавил во неколку кампањи претходно, ова е неговата прва насловна страница за магазин.

Славните родители вообичаено чекаат нивните деца да наполнат 18 години, за да им дозволат да започнат да се занимаваат со конкретна модна кариера. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk