Бугарски програмер секој ден му пишувал на Маск, по 154-от ден следел одговор: „Веројатно нема да те тужиме“

Супермен

20/01/2021

18:29

35.971

Големина на фонт

а а а

Упорноста некогаш се исплати – ова неодамна го докажа и бугарскиот програмер Љубомир Владимиров.

Имено, тој на Твитер го прашал Илон Маск дали може да го користи неговиот лик и лого за видео играта која ја развива. Играта се заснова на компанијата на Маск, „SpaceX“ и планот за колонизација на Марс, во која Илон би бил еден од ликовите. 

„Драг Илон. Јас сум девелопер на видео игри и моментално работам на една во која сте вие и „SpaceX“. Ако мислите дека тоа е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека смеам да го користам вашето име и лого. Ќе го објавувам ова цела година, секој ден додека не добијам одговор. 154/365“, напишал програмерот, со тоа означувајќи ја 154-та објава.


По 22 недели односно 154 дена, милијардерот конечно му одговорил:

„Можеш да нѝ го украдеш името/логото и веројатно нема да те тужиме“, напишал Маск во свој стил.

По ваквата објава, Владимиров одговорил дека „веднаш се враќа на работа“, но и му рекол дека ќе му плати 80 отсто од профитот доколку видео играта навистина биде успешна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk