Меланија Трамп ја напушти Белата куќа како вистинско модно совршенство - со висок стил и брендирани модни парчиња

Точка

21/01/2021

08:53

7.186

Големина на фонт

а а а

„Беше чест да се биде прва дама на Америка“, порача Меланија Трамп, а впечатокот кој што го остави кај модните критичари беше за чиста 10-ка.

Вчера беше денот кога Доналд и Меланија Трамп, претседателот во заминување и поранешната прва дама на САД, ја напуштија Белата куќа и Вашингтон.

Овој пар се појави на прошталната церемонија во воздухопловната база Ендруз, па оттаму се качија во авионот со кој што слетаа во Флорида.


Како и нејзиниот сопруг, така и Меланија го одржа својот последен говор како прва дама на САД:

„Да се биде ваша прва дама беше моја најголема чест. Ви благодарам на љубовта и поддршката. Ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог нека ве благослови вас и вашите семејства. И Бог нека ја благослови оваа прекрасна земја. Ви благодарам“, порачала Меланија.


Нема сомнеж дека нејзиниот стајлинг бил внимателно избран, а сигурно засекогаш ќе биде запомнет.

Меланија била облечена во модни парчиња со црна боја, косата ѝ била собрана во елегантна пунџа, па така пленела со својата софистицираност. Освен тоа, тоа биле најдобрите дизајнерски парчиња.

На неа сè што носела било скапо и брендирано. Миди-здолниште до колена, долги црни ракавици, црни очила за сонце...




Спонзорирани линкови

Маркетинг