Toyota Corolla е најпродаваниот автомобил на светот за 2020-та година

Точка

21/01/2021

15:03

3.238

Големина на фонт

а а а

Toyota Corolla беше убедливо најпопуларниот автомобил во текот на минатата година со 1,134,632 продадени примероци.

Моделот на јапонскиот производител и покрај одличната година, сепак забележа пад на продажбата од 8,8%. На второт место се најде Toyota RAV4 со 971,156 продадени примероци и раст на продажбата од 1,9%, додека подиумот го заокружи Honda CR-V со 705,651 продадени примероци и пад на продажбата од -13,2%.

На четвртото место се најде уште еден модел на Honda - станува збор за Civic со 697,945 продадени примероци, а јапонската четворка ја „растура“ германски Volkswagen Tiguan со 607,121 продадени примероци.

На 6-то и 7-мо место се најдоа повторно два автомобил од Јапонија - Toyota Camry со 592,648 продадени примероци и Nissan Sylphi со 544,376 продадени примероци и значаен раст 14,4%.


На осмото место се најде најпопуларниот автомобил во Европа - Volkswagen Golf со продадени 492,262 примероци и сериозен „минус“ од 28,6%.

Топ 10-те најпродавани автомобили за 2020-та година ги заокружуваат Volkswagen Lavida со 463,804 испорачани примероци и Hyundai Tucson со 462,110 продадени примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг