Официјално: „Golf“ е прогласен за „мртов“ во Америка

Супермен

21/01/2021

16:39

5.569

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ повеќе нема да го произведува „Golf“ моделот за Соединетите Американски Држави.

„Volkswagen Golf“ повеќе нема да се продава во САД, официјално потврди германскиот произведувач на автомобили. „Golf 8 GTI“ и „Golf R“ секако ќе бидат во понудата, тоа нема да се промени, но ниту еден иден автомобил на германскиот бренд нема да биде во понудата за тамошните возачи бидејќи едноставно многу лошо се продавал. 

Поради тоа, „Volkswagen“ ќе биде фокусиран на моделот „Jetta“ како и кросоверот „Taos“. Малиот SUV е многу попримамлив за американските купувачи од „Golf“ и тоа е сосема логичен потег на „Volkswagen“.


Во САД, „Golf“ може да се најде по цена од 24.190 долари до 24.990 долари. Што се однесува до европскиот пазар, „Golf“ нема да престане да се продава.

Како што пишуваат американските медиуми, „Golf“ е прогласен за „мртов“ на нивниот пазар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk