Историска трансакција: Поранешен играч на Реал Мадрид платен со биткоини

Супермен

21/01/2021

18:03

2.256

Големина на фонт

а а а

37-годишниот Давид Барал, некогашен фудбалер на Реал Мадрид, потпишал договор со третолигашот Интер Мадрид. Специфичноста на овој трансфер е во тоа што тој не бил платен со готовина ниту биле префрлени пари од една на друга сметка, туку е во целост исплатен со криптовалути.

„Среќен сум што сум дел од овој проект. Сè уште сакам да играм фудбал, а ова за мене претставува потполно нов предизвик“, порачал Барал. 

Во текот на својата професионална кариера, Барал настапувал и за Гранада, Кадиз, Леванте и Спортинг, а во шпанската прва лига одиграл 221 натпревар и постигнал 53 гола.

До оваа трансакција дошло бидејќи споменатиот клуб е дел од е-спорт организацијата „DUX Gaming“ чии сопственици се двајца фудбалери (Борха Иглесијас и Тибо Куртоа). Еден од спонзорите на клубот е и „Criptan“, шпанска платформа за трговија на криптовалути, па логично е да се заклучи дека на овој начин сакале да ја популаризираат услугата на својот спонзор.

Со тоа е направен прв професионален договор на фудбалер кој е платен со биткоин. Иако износот не е објавен, во медиумите се шпекулира за противвредност од 100.000 евра, односно 3,3 биткоини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk