Раскошната венчавка Трамп сакал да се пренесува и на телевизија, а вака Меланија изгледала на нивниот голем ден

Точка

23/01/2021

13:20

11.368

Големина на фонт

а а а

Доналд и Меланија Трамп се венчале на 22 јануари на Флорида, а на нивната луксузна венчавка потрошиле над милион долари.

Меѓу поканетите гости имало угледни музичари, но и политичари.

Да се присетиме на некои детали од нивниот голем ден:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, овие денови ќе слават 16-годишница од брак, а на венчавката која што ја одржале во 2005-та година потрошиле над милион долари.

Доналд по трет пат запловил во брачните води, откако не му успеал бракот со Иванка, а ниту со ТВ ѕвездата Марла Мејплс.


Тогаш изгледало дека успешниот претприемач навистина сака да го прослави тој голем ден раскошно.

Словенската манекенка Меланија Кнаус ја запросил со 12-каратен смарагден прстен кој што чинел околу 1,5 милиони долари, па поради тоа не мислел да штеди ниту на свеченоста за венчавката.

Тој исто така сакал венчавката да ја пренесува и на телевизија ширум светот. Сепак, Меланија се спротиставила на тоа, па така Доналд се откажал од таа идеја.


Пред олтарот застанале на 22 јануари 2005-та година на Флорида во Палм Бич, а Меланија подоцна раскажувала дека сама ја организирала церемонијата затоа што нејзиниот иден сопруг во тоа време бил зафатен со играњето голф, па не можел да посвети внимание на нивниот голем ден.

„Сè сама оранизирав. Се погрижив сè да биде на свое место“, изјавила Меланија во интервју за „People“ по венчавката.

Нивните гости престојувале во хотел во кој што Трамп уплатил и спа третмани за секој поединечно.

Меланија на себе носела спектакуларна венчаница со потпис од „Диор“ која што била изработена од 91 метар свила и била тешка околу 25 килограми.


На неа потрошила околу 148.000 долари, а се појавила и на насловната страница на магазинот „Vogue“. Наместо бидермаер таа во рацете држела круна украсена со бели ружи.

Дворецот во кој што се одржувала церемонијата бил украсен со 10.000 ружи и орхидеи, а сè било уредено во луксузен стил. Семејството Трамп се погрижило и тортата да изгледа спектакуларно. Имала седум „катови“ и била висока 1 метар и половина, а чинела околу 50.0000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг