Како промените во воздушниот притисок му влијаат на човековото тело

Точка

23/01/2021

17:13

2.854

Големина на фонт

а а а

Паметите кога вашата баба ќе ви кажеше дека доаѓа невреме бидејќи тоа може да го почувствува во своите коски? Изгледа и дека не звучела лудо како што си претпоставувавте. Промените во воздушниот притисок и промените на времето навистина влијаат на нашите тела, а некои луѓе се почувствителни по тоа прашање од други.

Иако е посочено како можна причина за сè, од промени во крвниот притисок до зголемени болки во зглобовите, може да биде тешко да се "покаже со прст" кон промените во воздушниот притисок како дефиниција за овие проблеми, кога многу други атмосферски промени - како температурата, врнежите, брзината и насоката на ветерот - се чести придружници на временските промени.

Сепак, многу луѓе искусиле промени кога се менувал воздушниот притисок, а еве некои од начините на кои промените во атмосферскиот притисок може да влијаат на вашето тело:

Главоболки

Во интервју за "The New York Times", Др. Метју Финк, водечки невролог во "Веил Корнел Медикал Центар" во Њујорк, објаснил дека нискиот воздушниот притисок може да предизвика главоболка или мигрена со креирање на разлика во притисокот меѓу атмосферата и синусите полни со воздух. Проблемот се влошува кога синусите се пренатрупани или блокирани од било која причина.


Во истражувањето објавено во "Internal Medicine", истражувачите ги замолиле пациентите со мигрена да водат дневник за своите главоболки една година. Кога ги споредиле дневниците со промените во воздушниот притисок, пронашле директна корелација меѓу нискиот атмосферски притисок и времетраењето на главоболките. Нивниот заклучок бил дека промените во воздушниот притисок можат да бидат клучен фактор за мигрени и главоболки.

Болки во зглобовите

Научниците во "Туфтс Њу Ингланд Медикал Центар" во Бостон набљудувале 200 пациенти со астроза во колената и пронашле врска меѓу промените во воздушниот притисок и температурата со сериозноста во болките на колената. Не јасно зошто паѓањето на бароматерот би можел да предизвика болки во зглобовите и артритис, но истражувањата како ова потврдуваат дека сепак тоа се случува. Можеби воздушниот притисок влијае на вискозноста на течноста што минува низ зглобните вреќички, или пак предизвикува болки во нервните завршетоци на зглобовите. Како и да е, за тоа ви зборуваше вашата баба со години - "Ме врти коленото, доаѓа невреме".


Крвен притисок

Како што кажува и самото име, нашата крв минува низ нашето тело со помош притисокот кој го создава срцето. Па, има логика што овој притисок може да биде под влијание на притисокот на воздухот околу нас. Според биометеорологот Џенифер Ванос, кога воздушниот притисок се намалува, истото се случува и со нашиот крвен притисок. За некои, ова може да значи мачнина или заматен вид.

Крвниот притисок обично е повисок во зима кога пониските температури прават вашите крвни садови да се стеснат. Тогаш е потребен поголем притисок за да однесе крвта меѓу помалите вени и артерии.


"Освен од студеното време, крвниот притисок може да биде погоден и од наглите временски промени, како бура или невреме", пишува Шелдон Шепс во својот труд.

"Вашето тело и крвните садови може да реагираат на промени во влажноста, атмосферскиот притисок, на облаци или ветер, на ист начин како што реагираат на студ. Овие промени повеќе ги чувствуваат луѓето постари од 65 години", заклучува тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг