Има 62, а никој не би ѝ дал ни 40 години: „Никогаш не замислував дека ќе изгледам вака“

Точка

23/01/2021

18:04

7.563

Големина на фонт

а а а

Лесли Карлетон има 62 години, но изгледа најмалку две децении помладо. И тоа не е само наш став, туку на 99 отсто од луѓето кога ќе ја видат бидејќи Лесли е модел за костими за капење.

Таа е верена со 62-годишниот актер Матијас Хјус и е мајка на два сина – Септон (44) и Аврелиус (42) и баба на Оливија (10) и Лилијана (10).

Како го постигнува младешкиот изглед, Карлетон открила во интервју за „Daily Mail“:

„Никогаш не замислував дека ќе изгледам вака на 60 години. Луѓето воглавно мислат дека имам 40 и се шокираат кога ќе слушнат дека сум наполнила 62!“, вели Лесли.

Кога бев тинејџерка, не вежбав и не се занимавав со спорт. Внимавав што јадев и за среќа, бев слаба“.

„Ги следам советите на мојата баба која беше танчерка. Таа секогаш јадеше мали порции, на секои 2 до 3 часа“.

„Кога јадам јаглехидрати и протеини, порцијата е со големина на мојата дланка, а зеленчукот е двојно повеќе“.

„Кога наполнив 30 години, започнав да се занимавам со карате и скијање, а денес го зголемувам тонусот на мускулите во теретана. Поради тоа изгледам вака добро во 60-те години“.

“Кога ќе ги видам моите фотографии од периодот кога имав 16 години, гледам дека моето тело е исто, но кожата е поинаква. Ти си она што го јадеш. Мора да внимавате на исхраната“.

„Шест дена во неделата внимавам што јадам, а седмиот ден јадам што сакам“.

„Сега сум послаба отколку кога имав 40 години. Мислев дека тоа не е можно, но ете”, признала Лесли.

Таа го родила својот прв син на 19-годишна возраст, поради што денес многумина мислат дека таа е негова сестра. Но, нему тоа не му пречи и обожува да има млада мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг