Сите сакаме колачи, затоа денеска ви носиме уште еден рецепт за домашен, вкусен колач, на кој сигурно нема да му одолеете.
Направете колач со јаболки, чоколадо и суво грозје.
Потребни состојки:
- 50гр. субо грзоје
- кора од лимон
- 3 јајца
- 3 лажици брашно
- 1 лажица гриз
- 2 лажички мед
- 3 лажици масло
- 3 лажици шеќер
Подготовка:
Јаболките излупете ги и пресечете ги на парчиња. Тавата премачкајте ја со маслото и малку со мед. Парчињата распоредете ги во кружната тава со големина од 22 сантиметри.
Јајцата изматете ги со шеќер и додадете брашно и гриз, суво грозје, кора од лимон и масло. Сето тоа изедначете го и истурете го врз јаболките. Печете на 200 степени околу 50мин.