Џил Бајден во првата службена должност: „Ризичен“ фустан кој првите дами сепак можат да си го дозволат

Точка

25/01/2021

09:05

5.150

Големина на фонт

а а а

Џил Бајден ја заврши својата прва самостојна службена должност како прва дама.

Таа ја посетила болницата „Whitman-Walker Health“ во Вашингтон каде што разговарала со вработените, меѓу другото и за важноста за психолошката помош и поддршка на пациентите кои што се заболени од канцер.


Инаку, таа по професија е професорка, а како прва дама како што се очекува ќе работи во подрачјето на образованието и повторно ќе ги покрене Обединетите сили.

Освен работата, очигледно дека многу ќе се следи и нејзиниот моден стил. Веќе во своите први самостојни појавувања во јавноста како прва дама таа привлекла внимание со изборот на своите модни парчиња.

Џил овојпат одлучила да носи едноставен, бел фустан со набори во долниот дел и на ракавите кои што се со должина до лактите, а фустанот го искомбинирала со светло-кафеави чизми со потпетица од превртена кожа.


На својот стајлинг првата дама на САД додала и долг, слоевит ѓердан од бисери и тенко златно ланче со приврзок „MAMA“ и уште малку едноставен накит во комбинација на злато и бисери.

Белиот фустан кој што го носи Џил можеби малку е ризичен избор затоа што станува збор за чувствителна боја која што може премногу да ја нагласи силуетата на телото, но американската прва дама сепак внимавала сето тоа да биде во границите на вкусот и примерно за нејзината позиција и должност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг