Како што знаеме, на социјалните мрежи постојно се споделуваат видеа кои што ја покажуваат (не)културата на македонските граѓани.
Во видео кое што било објавено на социјалната мрежа Твитер, може да се забележи како маж кој што е во поодминати години, со својот автомобил застанува пред зграда.
На снимката е видливо дека на местото каде што застанува мажот моментално се поставуваат бекатон плочки со кои што се уредува тротоарот пред зградата.
Но, тој среде бел ден, излегува од својот автомобил и започнува да си става од бекатонките во својот багажник, па откако ќе си земе колку што му треба, влегува во автомобилот и си заминува.
Погледнете го видеото:
Шо клептомани ќе да бевте бре! Едните цвеќиња крадат овој бекатонки ??♀️. Шо школо ќе му дајш на внуците бе вампиру? Да го направиме славен дедово. pic.twitter.com/j0ddq6Kqac
— Приказна (@Prikazna1) January 24, 2021