Славниот комичар Џим Кери ѝ упати „злобен твит“ на Меланија Трамп – еве што ѝ порача...

Супермен

25/01/2021

11:47

4.481

Големина на фонт

а а а

„Довидување најлоша прва дамо на Америка“, со овие зборови актерот ѝ се обрати на Меланија Трамп.

Зошто комичарот Џим Кери (59) на социјалната мрежа Твитер ја нападна поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп?

Се претпоставува дека „злобниот твит“ ѝ е упатен на Меланија Трамп по „загревањето“ на приказната дека на поранешната прва дама ѝ истекол договорот според кој морала да остане во брак со Доналд сè додека е прва дама. Па, поради тоа што повеќе не е прва дама - сега може слободно да се разведе.

„Злобниот“ твит алудира на парите кои што таа треба да ги добие од разводот.

Инаку, Џим Кери во месец декември ја сними шестата епизода од хумористичната серија „Saturday Night Live“, а во која што ја толкува улогата на актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Кери никогаш не криеше дека има лошо мислење за Трамп и со години го нарекуваше „бебе“ и „лажго“, а во шестата хумористична епизода тогашниот претседател го нарече „кловн“.

Кери ги навредуваше и останатите политичари како, Руди Џулијани и други истакнати личности од администрацијата на Трамп, но неговиот профил никогаш не беше „баниран“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk