Ѕвездата на Баерн се кае поради огромната тетоважа на грбот: „Бев млад“

Супермен

25/01/2021

14:07

4.717

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане признал дека се кае поради тетоважата која ја направил во периодот додека играл за Манчестер Сити.

Германскиот фудбалер во 2017 година го истетовирал славењето на голот на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Монако во Лигата на шампионите кога англискиот клуб славеше со 5:3. Кратко по тетоважата, која се правела 4 дена, Сити за возврат изгуби 3:1 и испадна.


Сане минатата сезона одби да потпише нов договор со Сити и замина во Баерн по што одлучи да го прикрие грбот на англискиот клуб од тетоважата и на дресот го истетовирал грбот на германската репрезентација.

„Бев млад, денес би донел поинаква одлука. Бев некој кој најпрвин мораше да удри во ѕид, особено кога бев млад, дури и ако ме болеше, со цел да научам нешто“, рекол 25-годишниот фудбалер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk