Тензиите растат: Група на американски воени бродови предводени од носач на авиони пристигна во Јужното кинеско море

Точка

25/01/2021

14:40

1.933

Големина на фонт

а а а

Група на американски воени бродови предводени од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во текот на вчерашниот ден навлезе во водите на Јужното кинеско море со цел, како што велат Американците, да се промовира „слободата на пловидбата“.

Ова стана прилично честа пракса на американската воена морнарица, додека истовремено Вашингтон ги оспорува кинеските поморски граници на територијата на Јужното кинеско море. Освен протестни ноти од страна на Пекинг, засега нема директна конфронтација помеѓу кинеските и американските сили.

Потегот на американската воена морнарица инаку доаѓа во периодот на се поголемите тензии помеѓу Вашингтон и Пекинг, тензии кои се пред ескалација веќе подолго време.


Се чинеше дека ситуацијата ќе се смири после поразот на Трамп и пристигнувањето на новиот американски претседател Џо Бајден, но односите помеѓу Вашингтон и Пекинг најверојатно нема да се подобрат.

Треба да се истакне дека американските воени бродови влегуваат во водите на Јужното кинеско море истиот ден кога и Тајван пријави упад на повеќе кинески воени авиони во тајванскиот воздушен простор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг