Апликацијата на 6 јануари не била ниту меѓу првите 1.000 на листата на најпреземани апликации, за потоа на 9 јануари да го заземе првото место.
Поради лошото објаснето ажурирање на условите за користење, милиони корисници повеќе не ја користат апликацијата „WhatsApp“ и преминале на користење на апликациите „Signal“ и „Telegram“
Напуштањето на платформата било толку многу големо што „WhatsApp“ морал да ја одложи имплементацијата на новите услови која што била закажана за 8 февруари, за на корисниците да им се објаснат промените кои што се направени, пренесува британски „Guardian“.
Во текот на првите три седмици од јануари, платформата за размена на пораки „Signal“ добила 7,5 милиони нови корисници ширум светот, а „Telegram“ 25 милиони. За разлика од нив „WhatsApp“ на 12 јануари од 8-мо место се нашол на 23-то место на најпреземани апликации во Велика Британија.
Од друга страна „Signal“ на 6 јануари бил меѓу првите 1.000 најпреземани апликации за на 9 јануари заслужено да го заземе првото место на листата.
Директорката на јавната политика на „WhatsApp“ за Европа, Блискиот Исток и Африка, Ниам Свини, изјавила дека одборот за внатрешни работи верува дека егзодусот е поврзан со ажурираните услови на услугите на компанијата.
Како што објаснила, ажурирањето требало да овозможи нова група алатки во врска со испраќањето пораки, но и да овозможи поголема транспарентност околу постоечките политики на приватноста.
„Сакаме да биде јасно дека ажурирањето нема да влијае на приватноста на пораките со пријателите и семејството, ниту пак на било кој друг начин“, соопштиле од компанијата „WhatsApp“.