Тага која не може да се сокрие: Последното видео од Мерилин Монро го открива сиот очај на славните убавици

Точка

25/01/2021

15:23

4.043

Големина на фонт

а а а

Последната снимка на Мерилин Монро била направена само неколку дена пред нејзината трагична и прерана смрт.

Видеото било потполно приватно, а на јавноста ѝ стана познато сосема случајно.

Ова е последната позната снимка од Монро која настанала кон крајот на 1962 година и на неа актерката позира на плажа пред објективот на фотографот Џорџ Барис. Видеото било снимено од страна на случаен минувач кој присуствувал на фотографирањето.

Џорџ подоцна раскажал дека било очигледно дека Мерилин „нешто ја мачи“. Расположението ѝ варирало од хистерично смеење до плачење без причина. Била расеана и не обрнувала внимание на она што ѝ се зборувало.

Мерилин Монро била пронајдена мртва на 5 август 1963 година во својот стан, во раните утрински часови од страна на нејзиниот психијатар Ралф Гринсон. Нејзината куќна помошничка Јунис Мареј почувствувала дека нешто не е во ред. Таа видела светло под вратата, но не можела да влезе во собата.


Веста за смртта се нашла на насловните страници на сите тогашни весници. Стапката на самоубиство во Лос Анџелес се удвоила по смртта на Монро, а весниците секојдневно примале над 10-тина повици и писма со барања од читателите да дознаат што се случило со неа.

„Смртта на Мерилин Монро е страшна лекција за сите оние кои сакаат да влезат во приватноста на ѕвездите и да чепкаат по нивните животи“, истакнал тогаш францускиот уметник Жан Кокто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг