Бајден ја укинува забраната за трансродовите лица да служат војска

Макфакс

25/01/2021

15:25

566

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Џо Бајден, се очекува да ја укине одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана за трансродовите лица да служат во американската армија.

Забраната на Трамп, која постојано ја исмеваа активистите на ЛГБТ-заедницата и ја нарекуваа сурова и ирационална, првпат беше презентирана пред јавноста преку „Твитер“ во јули 2017 година.

Со таа одлука, Трамп го укина претходното одобрување на транссексуалци да бидат ангажирани во американската армија, што го донесе претседателот Барак Обама.

Белата куќа одби да го коментира најавениот план, но минатата недела портпаролот во Белата куќа, Џин Псаки, објави дека новата администрација ќе ја укине забраната со извршен акт во првите денови од претседателскиот мандат на Бајден.

Додека Трамп тврдеше дека промената на полот и хормоналниот третман на трансродовите лица ќе бидат прескапи за војската, во студија нарачана од Пентагон се наведува дека дозволувањето на трансродовите лица да служат во американската армија ќе има само минимално влијание врз подготвеноста и буџетот на вооружените сили.

Истата студија наведува дека меѓу 1.320 и 6.630 трансродови лица служат војска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг